МОТО ГП: Италијанска доминација на трката за ГН на Сан Марино

0

Италијанска доминација на Мото ГП трката во Мисано попладнево. Марко Морбидели ја запиша својата прва Мото ГП победа во кариерата. Возачот на Јамаха денеска возеше одлично од самиот старт, успеа да ја победи конкуренцијата и да оствари триумф на трката за ГН на Сан Марино.

На второто место заврши неговиот сонародник Франческо Багнаја, а трет финишираше Шпанецот Жоан Мир, кој во последните кругови му го одзема местото на подиумот на искусниот Валентино Роси, кој на крајот остана четврти.

Share.

Leave A Reply