Мотото на баражите за СП: „Стравот лозје чува“

0

Фудбалерите кои играат за своите репрезентации во бараж средбите за пласман на СП во Русија 2018 најверојатно се водат по онаа поговорка „Стравот лозје чува“ па наместо да мислат на тактика за попвеќе постигнати голови, тие мислат како да го сочуваат својот гол.

Претпазливата игра на селекциите во овие баражи не доведе до ситуација да не видиме гол на последните 6 натпревари од баражоте за пласман на СП во Русија. Па така по победата на Хрватска над Грција со 4:1 и на Шведска против Италија од 1:0, беа одиграни 6 натпревари или поточно 569 минути, но не видовме гол.

Со други зборови, тоа значи дека 9,5 часа или поточно 9 часа и 29 минути нема постигнато гол на бараж средбите.

Последните шест бараж средби за Мундијалот во Русија:
Хондурас – Австралија      0:0
Нов Зеланд – Перу             0:0
Данска – Р.Ирска                0:0
Швајцарија – С.Ирска         0:0
Грција – Хрватска               0:0
Италија – Шведска              0:0

Следни средби од барашите за СП во Русија:
14 ноември, 20:45: Р.Ирска – Данска
15 ноември, 10:00: Австралија – Хондурас
16 ноември, 03:15: Перу – Нов Зеланд

Share.

Leave A Reply