ВТА ја разгледува опцијата за продолжување на тениската сезона која е во прекин заради пандемијата на корона-вирусот.
Тенисот е стопиран во почетокот на март и натпреварите нема да се одиграат барем до 7 јуни иако тој период најверојатно ќе биде продолжен заради континуираното брзо ширење на опасната инфекција. Замрзнувањето на сезоната ги погоди тенисерите кои не се во можност да учествуваат на турнири и да ги обезбедуваат потребните средства за егзистенција.
„ВТА работи да се зголеми можноста за дополнителни награди кога сезоната ќе продолжи. Се надеваме дека тоа ќе биде многу брзо кога здравјето и безбедноста на тенисерите, навивачите и персоналот, ќе бидат целосно загарантирани “ – се вели во соопштението на ВТА,