МТВ 2 победник на турнирот на медиумите

0

Синоќа во СЦ „Јане Сандански“ заврши традиционалниот турнир во мал фудбал на медиумите од Македонија. Годинешен победник е екипата на МТВ 2, која во финалниот меч успеа да го победи актуелниот првак од минатата година, екипата на Алсат М со 6:2.

И оваа година, екипата на Спортското радио 90.3 фм се погрижи за беспрекорна организација на настанот на кој продефилираа голем број на активни учесници, но и гледачи.

Во текот на утрешниот ден на посебна церемонија ќе бидат врачени и наградите за најдобрите во повеќе категории, како и пехарот за најуспешниот состав.

Share.

Leave A Reply