Мурињо: Чудна одлука

0

Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, вели дека не гледа логика Спортскиот арбитражен суд во Лозана да му ја поништи санкцијата наметната од УЕФА на Мачестер Сити а во исто време клубот да мора да плати парична казна.

Португалскиот стратег истакна дека „граѓаните“ дефинитивно ги прекршиле правилата штом ќе треба да платата за престапот.

„Не знам дали Манчестер Сити е во право или не, но, моето гледиште е јасно, ако не си виновен, тогаш  си ослободен. Сити беше спасен од европската суспензија, но, ќе мора да плати 10 милиони евра. За што ќе плати 10 милиони евра ако не е виновен“ –вели Мурињо

 

Share.

Leave A Reply