Мурињо го бара Слимани за заменик на Кејн

0

Во очај да доведе ново засилување на местото на повредениот напаѓач Хари Кејн, менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, бара нови солуции. Според весникот „Телеграф“, Португалецот сега се сврте кон Ислам Слимани, кој во моментов настапува како позајмен во Монако од екипата на Лестер.

Преставници на Тотенхем работат на обезбедување на 31-годишниот напаѓач и се надеваат дека може да се најде решение до крајот на месецот. Од доаѓањето во Франција, Слимани почна да ја крева формата и на 11 меча во Лига 1 веќе има 7 гола.

Share.

Leave A Reply