Мурињо го сака Бас Дост во Тотенхем

0

Напаѓачот на Ајнтрахт Бас Дост може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига, објави весникот „Гардијан“.

Тотенхем и менаџерот на тимот, Жозе Мурињо се заинтересирани за услугите на 31-годишниот фудбалер , кој сака да ја зголеми конкуренцијата во тимот. Клубовите веќе започнаа преговори, но тие се уште се далеку од договор. Ајнтрахт е подготвен да го пушти Дост да замине само со продажба, но не и на позајмица и тоа за 5,5 милиони евра.

Од друга страна, Тотенхем најмногу сака да го добие играчот со позајмица. Дост се пресели во Ајнтрахт Франкфурт минатата година, а пред тоа играше за Спортинг Лисабон, Волфсбург, Херенвен, Хераклес и Емен. Тој беше дел од репрезентацијата на Холандија од 2015 до 2018 година. Минатата сезона, напаѓачот одигра 24 натпревари во германскиот шампионат, постигна 8 гола и 2 асистенции.

Share.

Leave A Reply