Управата на фудбалскиот тим Тотенхем сериозно размислува да го раскине договорот со Жозе Мурињо и да ангажира нов тренер откако клубот влезе во резултатска криза.
Португалецот по првите 50 натпревари на клупата на „Спарси“ има полош ефект од Анде Вилја Боаш, Хари Реднап и Маурисио Покетино. Португалецот има и најлош резултат со Тотенхем во однос на претходните негови тимови во воведните 50 натпревари во домашни рамки.
Англискиот тим по 24 кола во Премиер лигата е на деветото место со 36 бода или на минус 23 во однос на лидерот Манчестер Сити.