Мурињо ќе добие бонус доколку го однесе тотенхем во ЛШ

0

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, ќе добие бонус од 2 милиони фунти ако успее да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона.

Сепак, оваа задача не изгледа лесна, бидејќи во моментов лондончаните се со девет бода зад четвртото место во Премиер лигата. Ситуацијата дополнително се искомплицира со повредата на голема ѕвезда и голгетер на тимот, Хари Кејн. Сепак, Мурињо веќе започна да го засилува својот тим, при што првиот нов играч веќе го привлече. Се работи за Жедсон Фернандеш. Кшиштоф Пјонтек треба да биде договорен во наредните денови и тој треба да го замени Кејн.

Покрај првенството, Мурињо има уште една шанса да се квалификува со Тотенхем во Лигата на Шампионите, но да го стори тоа, Тотенхем ќе мора да го освои ова натпреварување што не му успеа минатата сезона кога загуби во финалето.

Share.

Leave A Reply