Мурињо ќе продава играчи за да донесе нови засилувања

0

Менаџерот на Манчестер Јунајтед – Жозе Мурињо, сака да направи нова сериозна селекција на фудбалери во текот на летото 2018 година, соопштува весникот „Дејли Меил“.

Првата желба на португалскиот тренер е да се раздели со четири негови играчи. Тоа се Пол Погба, Антони Марсиал, Дејли Блинд и Матео Дармијан. Тие не можат да најдат заеднички јазик со Мурињо, кој има нетрадиционални методи на работа и подготовка, според блиски извори од клубот.

Желбата на Жозе Мурињо е да купи нови ѕвезди за да ја засили својата екипа. Цената на Пол Погба, поставена од клубот е околу 100 милиони евра, но интерес за францускиот репрезентативец не недостасува.

Единствената шанса да освои трофеј Манчестер Јунајтед има во ФА Купот. Во полуфиналето на крајот од оваа недела, Јунајтед ќе се сретне со Тотенхем на „Вембли“. Во текот на последните две сезони, Жозе Мурињо доби над 300 милиони фунти за нови фудбалери.

Share.

Leave A Reply