Шпанскиот весник – „АС“ по вчерашното реми на фудбалерите на Реал Мадрид на домашен терен со Валјадолид, тврди, дека Жозе Мурињо е многу блиску до враќање на клупата на шпанскиот состав бидејќи првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, нема да ги толерира слабите резултати.
Мадридскиот весник пишува дека Зинедин Зидан може брзо да добие отказ доколку „белите“ не влезат во победничка серија. Наводно и поголем дел од акционерите во клубот ја загубиле довербата во Французинот кој имаше лоши резултати и во фазата на подготовки.
Реал Мадрид во наредните кола на Примера го очекуваат два дерби меча со Атлетико Мадрид и Барселона.