Мурињо: Ме навредуваа цел меч

0

Стратегот на Манчестер Ј., Жозе Мурињо рече дека бил навредуван во текот на целиот меч од навивачите на Јувентус поради своето минато со Интер и поради тоа на крајот се обиде да ги испровоцира домашните навивачи.

Црвените ѓаволи победија со 2:1 во Торино со пресврт во последните минути, а по завршувањето Португалецот иронично ја стави раката на своето уво покажувајќи кон навивачите на Јувентус.

„Не можев да останам смирен откако бев постојано навредуван, како и моето семејство. Не беше пријатно, па реагирав на свој начин. На крајот, мојата работа беше да победам и да го заборавам минатото. Но навивачите не го заборавија. Не мислам дека мојот гест е навредлив. Само сакав да слушнам дали ќе продолжат да ме навредуваат“, изјавил Мурињо на пресот по мечот.

Share.

Leave A Reply