Мурињо не отстапува од купување на Вилијан

0

Mенаџерот на Манчестер Ј., Жозе Мурињо, инсистира ова лето во тимот да го добие својот поранешен фудбалер од екипата на Челзи, Бразилецот Вилијан. Медиумите во Англија тврдат дека Манчестер Ј. веќе и има подготвено понуда во висина од 70 милиони евра за услугите на бразилското крило.

29-годишниот Бразилец има актуелен договор со Челзи до 2020 година и малкумина веруваат дека „сините“ ќе му дозволат да си замине ова лето. Останува да се види каков ќе бид епритисокот со понудите од Мурињо, иако Челзи планира да го заджи најмалку уште една сезона во својот тим.

Share.

Leave A Reply