Мурињо незадоволен од своите играчи и покрај победата

0

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не беше задоволен од претставувањето на своите фудбалери и покрај победата од 3:0 над Базел во натпревар од групата „А” во Лигата на шампионите. Според него, играчите на Манчестер Јунајтед се опуштиле кога дошле до водство од 2:0.

„Беше важно да освоиме три бода на нашиот стадион. До 2:0 игравме одлично и самоуверено. По вториот гол, тимот престана да биде сериозен на теренот и направи грешки. Поради тоа межевме да имаме проблеми”, рече Мурињо.

„ Не ми се допаѓа употребата на трикови на теренот во финишот од натпреварот. Треба да го почитувате вашиот противник. Не ми се допадна нашиот став. Играчите беа премногу опуштени пред крајот на средбата”, додаде Мурињо.

Share.

Leave A Reply