Претседателот на фудбалскиот состав Лион, Жан Мишел Ола, изјави дека Португалецот, Жозе Мурињо, не ја прифатил неговата понуда да седне на клупата на „лавовите“.
„Си разменивме неколку прилично ласкави пораки преку СМС. Беше убаво за сите. Ама тој не ја прифати нашата понуда за состанок бидејќи имал одбрано друг клуб“ -истакна Ола.
Ќе потсетиме дека „специјалниот“ извесен период е без ангажман откако во текот на зимата заработи отказ од Манчестер Јунајтед.