Мурињо: Повредата на Ибра е сериозна

0

Повредата на голгетерот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, по се изгледа е прилично сериозна. Ибра се повреди во финишот на синоќешниот натпревар со Андерлехт во реванш четврфиналето во Лигата на Европа, а на прес-конференцијата по мечот Мурињо истакна дека нема добри вести за повредата на Швеѓанецот.

Првичните прогнози се дека Ибра ги има скинато лигаментите во коленото што значи дека ќе го оддалечи од терените најмалку 6 месеци. Тоа во пракса може да значи и дека овој меч за него беше последен во Јунајтед, зато ашто неговиот договор истекува на крајот на сезоната и не се знае дали ќе биде обновен,

Повреда за време на средбата доби и Маркос Рохо, па и предвидувањата за него не се оптимистички.

Share.

Leave A Reply