Мурињо се наврати на елиминацијата на „црвените ѓаволи“ од ЛШ

0

Поранешниот тренер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, се обиде да објасни зошто Барселона успеа лесно да ги елиминира Англичаните 1 /4 финалето во Лигата на шампионите.

„Мислам дека пристапот на Јунајтед беше различен во двата меча. Во првиот се обиде да ја контролира централната зона во која дејствува Меси.  Кога тој влегуваше во внатрешноста го чекаа Фред или Мектоминеј“- вели Португалецот.

„Во реваншот бидејќи имаа негатива од 1-0, се обидоа со Погба лево и Мектоминеј  десно а Лингард како десетка зад напаѓачите. Пред дефанзивната линија беше само Фред. Тоа е областа во која Меси ја прима топката а кога тој ќе излезе еден на еден… вие сте мртви“ – истакна Мурињо.

Share.

Leave A Reply