Мурињо се согласил со продажба на Погба

0

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, е подготвен да го продаде играчот од средниот ред, Пол Погба, во текот на летото, објавија британските весници. Односот меѓу играчот и тренерот е прилично лош, по што многумина шпекулираат дека Погба нема да се задржи уште долго на „Олд Трафорд“.

За услугите на францускиот играч од средниот ред е заинтересиран ПСЖ, чии претставници веќе започнале преговори со играчот. Пол Погба ја игра втората сезона во “црвените ѓаволи”, по враќањето од Јувентус. Во тековната сезона во Премиер лигата, Погба постигна 5 гола и имаше 9 асистенции на 22 натпревари.

Share.

Leave A Reply