Играчот од средниот ред на Тотенхем, Муса Дембеле, нема да игра до крајот на оваа календарска година поради искинати лигаменти на десниот зглоб.
31-годишниот белгиски репрезентативец беше заменет принудно при победата со 3:2 над Вулверхемптон минатиот викенд и го пропушти натпреварот од Лигата на Шампионите против ПСВ Ајндховен (2:1) во вторникот.
Дембеле, чиј договор со Тотенхем истекува на крајот од сезоната, има 13 натпревари за тимот во оваа сезона. Играчите од средниот ред Виктор Ванјама и Ерик Даер ги обновија тренинзи по санирањето на повредите, но дефанзивците Јан Вертонгем и Дени Роуз остануваат надвор од комбинација и ќе пропуштат гостувањето на Кристал Палас во сабота.