Муса е ново име на списокот на Видеолотарија Касинос Австрија

0

Видеолотарија Касинос Австрија го прошири своето семејство. Ново заштитно лице е Едина Муса. Задоволството е големо што една од најдобрите кошаркарки кои играле во Македонија ќе застане зад брендот на Видеолотарија Касинос Австрија и ќе биде симбол на вредностите и принципите кои ги промовираме-стои во соопштението.

 „Се радувам што Видеолотарија Касинос Австрија ме одбра да бидам ново заштитно лице, чест ми е да сум дел од една успешна приказна и сериозна компанија. И јас се идентификувам со тоа, бидејќи сè што правам во животот го правам со максимална сериозност и професионалност и стопроцентна посветеност, било да станува збор за кошарката, за фитнес или нешто друго. Затоа можам да порачам посветете се сто проценти на што и да работите, а кога играте, играјте за забава и одговорно“, изјави Едина.

Со нејзините настапи во Вардар, во Работнички и во репрезентацијата на Македонија, Едина Муса се етаблира како лицето на македонската женска кошаркарска сцена. Меѓутоа, покажа дека со залагање и со посветена работа може да се остварат и цели, кои не сте ги ни замислувале, па успеа да ја претставува Македонија на светско првенство во еден друг спорт.Во 2017 година, неколку месеци откако беше прогласена за МВП на домашното кошаркарско првенство, настапи на СП во фитнес, во Франција и го освои 12. место. Сега ѝ се врати на кошарката, во ЖКК Работнички и понатаму работи како личен тренер и секојдневно продолжува да биде инспирација за илјадници.

Share.

Leave A Reply