Мусовски ќе го носи националниот дрес

0

Даниел Мусовски ќе игра за македонската фудбалска репрезентација. ФФМ потврди дека има договор со 24-годишниот напаѓач на Лос Анџелес кој ќе може да се вклучи во тековниот циклус во Лигата на Нации.

„Навистина ми е мило што Дени прифати да игра за Македонија, имавме искрен разговор и го очекуваме во нашиот тим во ноември. Неговиот ефект во Лос Анџелес е одличен“ – потенцираше селекторот, Игор Ангеловски.

Мусовски е роден во Невада. Кариерата ја почна во 2014 година во Лас Вегас а играше и за: Берлингем , Таксон, Сан Хозе и Рено.

Share.

Leave A Reply