Мутаи посакува победа на маратонот во Канада

0

Џефри Мутаи ќе се врати на патеката во Отава за трката на 10 километри. Тој на 27 мај по четврти пат во последните шест години ќе застане на стартот во канадскиот град.

35-годишниот Кениец има победи на маратонот во Бостон, Берлин и Њујорк. Мутаи триумфираше на маратонот во Бостон и Њујорк во 2011 година, но, не влезе во олимпискиот тим на Кенија за ЛОИ во Лондон во 2012 година. Тој при првото појавување на патеката во Отава во 2012 година успеа да победи а во 2013 и 2014 година заврши на третото место.

„По долгите повреди и без трки,  не можам да кажам во каква форма сум. Тренинзите се одвиваат добро и се надевам дека ќе постигнам добар резултат во Отава“ вели Кениецот.

Share.

Leave A Reply