Англискиот фудбалски состав, Вулверхемптон, го претстави новото засилување, Жоао Мутињо, кој за скромни 5 милиони фунти го напушти тимот на Монако и се пресели во екипата која ќе игра во Премиер лигата.
Одличниот креатор од средината на теренот сега ќе работи под диригентската палка на неговиот сонародник, Еспирито Санто, кој на времето седеше на клупата на Порто.
31-годишниот Мутињо беше еден од најдобрите во редовите на Монако кога пред две сезони се израдува на шампионската титула во Франција.