Се е подготвено за големиот спектакл кој треба да се случи вечерва во 2 часот по полноќ. Сите останатие делови од „Ол-стар“ викендот се зад нас , останува главниот дуел кој треба да го одбележи „Ол-стар“ викенот во Чикаго, а тоа е дуелот меѓу Тимот на Леброн и Тимот на Јанис.
Веќе од поодамна се знае дека овој „Ол-стар“ викенд ќе мине во чест на трагично загинатиот поранешен кошаркар на ЛА Лејкерс, Коби Брајант и неговата ќерка Џиана. Затоа, на вечерашниот спектакл сите кошаркари на своите дресови ќе ги носат бројките „2“ и „24“, со кои настапуваа Џиана и Коби.
Дополнително , од НБА лигата се одлучија за уште еден чекор, кој синоќа го објави комесарот на натпреварување, Адам Силвер. Во иднина, престижната награда „МВП“ на „Ол-стар“ натпреварот ќе го носи името Коби Брајант.
Легендарниот Коби Брајант и неговата ќерка Џиана беа погребани минатиот петок на приватна церемонија, а јавното простување ќе биде одржано на 24 февруари во „Стејлс Центарот“ во Лос Анџелес.