Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска ќе му гостуваат на Задар во првиот натпревар од баражот за пласман во АБА лигата.
Нашиот состав претходно го загуби финалето во АБА 2 од Приморска со максимални 3-0 додека Хрватите ја завршија сезона на претпоследното 11-то место во посилната регионална конкуренција.
Популарните „штркови“ имаат лоша традиција кога станува збор за гостувањето кај Задар. Во досегашните шест мечеви бележале само една победа.