МЗТ Скопје го победи Работнички во финалето на Купот на Македонија

0

Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ СКопје го доби „вечното дерби“ против Работнички во Куп-финалето со 76:67 и дојде до деветтата Куп-титула во својата историја, со што на вечната листа во ова натпреварување се изедначи со лутиот ривал.

Работнички играше добро се до самиот крај на натпреварот кога снема сила и не можеше да го заврши натпреварот со позитива. Се до резултатот 63:66  постоеше шанса за Работнички, но потоа следуваше серија на МЗТ Скопје кога направија недостижна рзалика. За Работнички, ова е прв пораз сезонава, по одличниот старт во Првата лига, но и двете победи во Купот против Карпош Соколи и Куманово.

Најефикасен кај победниците беше Бојан Трајковски со 18 поени, а Дарко Соколов постигна 17 поени, додека Дамјан Стојановски заврши со 15 поени. Кај Работнички, Димитар Мираковски беше одличен со 24 поени, додека Ѓорѓи Чековски го заврши мечот со 15 поени. Со оваа победа над Работнички, МЗТ Скопје Аеродром се изедначи во меѓусебните пресметки во Куп-финалињата на 3:3 со Работнички.

Share.

Leave A Reply