Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, вечерва гостуваат во Никшиќ во меч од 5. коло на АБА2 лигата. По четирите стартни победи за противник имаат тим кој во досегашниот дел од сезоната има три победи.
Тренерот на „штрковите“, Ѓорѓи Кочов, во изјавата пред мечот вели дека мора да се одигра максимално концентрирано и да се обиде тимот да ја продолжи победничката серија.
„Секој натпревар во АБА2 е исклучително важен, поради што сум сигурен дека ќе имаме максимално сериозен пристап кон натпреварот со Сутјеска. Станува збор за екипа со огромно искуство и екстремен шутерски квалитет. Едноставно секој играч од тимот може да погоди од секоја позиција. Мора да најдеме начин да ја намалиме нивната прецизност. Ако го сториме тоа, ќе може да се надеваме на триумф, кој и тоа како би бил значаен за нас“, истакнува Кочов.
Дуелот во Никшиќ почнува од 19 часот.