Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија победа на гостувањето кај Задар во првиот меч од разигрувањето за пласман во АБА лигата следната сезона. Составот од Аеродром славеше над Задар со 89:83 во меч во кој едно време имаше предност од скоро 30 поени, но во последната четвртина едвај успеа да ги одбрани.
Добрата игра од првото полувреме треба да се повтори на домашен терен, на мечот закажан за 23 овој месец кога може да биде потврдено враќањето во елитата.
Бојиќ со 24 поени и Вудард со 22 поени беа најефикасни кај МЗТ Скопје, додека кај Задар Божиќ постигна 19 поени.