МЗТ Скопје А. потврди финале со Работнички

0

Кошаркарите на МЗТ Скопје А. обезбедија финале во домашниот кошаркарски плеј-оф, откако во четвртиот меч со Блокотехна, денеска во Гевгелија успеа по тешка борба да ги совладаат гевгеличани со 74-72 и да дојдат до третата победа која ги носи во финалето.

Во битката за тронот, МЗТ СкКопје А. за противник ќе го има големиот градски ривал Работнички. Во четвртиот полуфинален меч меѓу Блокотехна и МЗТ Скопје А. видовме голема борба и неизвесност до самиот крај. Првиот дел од мечот им припадна на домашните, додека МЗТ Скопје А. одигра подобро во заврните 20 минути.

Најдобар кај скопјени беше Бојиќ со 22 поени, додека кај Блокотехна Мијатовиќ постигна 17, а Смит и Карзановски по 16 поени.

Share.

Leave A Reply