МЗТ Скопје против Слобода ја стартува сезоната во АБА -2 лигата

0

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје денес ја почнува нова сезона на меѓународно ниво и ќе биде единствен претставник на нашата земја во АБА-2 лигата.

И оваа година амбициите на клубот се исти, да се дојде до промоција во повисок ранг. Конкуренцијата е иста како и минатата сезона, а МЗТ Скопје сака да го повтори настапот од лани и да дојде до зацртаната цел, да се биде најдобар во АБА-2 лигата.

Прв противник на МЗТ Скопје во рамки на првото коло ќе биде Слобода, која гостува во Скопје. Се работи за дебитант во ова натпреварување, кој преку „вајлд-карта“ доби шанса за учество во второлигашката АБА-конкуренција.

Екипата е претежно составена со кошаркари од Босна и Херцеговина, но има двајца Американци, двајца Срби и еден Црногорец. Според квалитетот во лигата, МЗТ Скопје би требало да се бори за самиот врв, но тоа ќе мора да го докаже на теренот.

Нашиот шампион донесе квалитетни играчи од САД и Хрватска, во името на Џабари Хиндс и Марин Морнар, а тука е и НБА-засилувањето Нуни Омот, кои заедно со домашните кошаркари како Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко и Бојан Крстевски ќе се онидат да ја остварат зацртаната цел.

Натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Слобода Тузла започнува од 19:00 часот, во СЦ „Јане Сандански“.

Share.

Leave A Reply