МЗТ Скопје – Слобода Тузла 110-88

0

Кошаркарите на МЗТ Скопје со убедливата победа против Слобода Тузла со 110 спрема 88 ја отворија новата сезона во АБА 2 лигата.

Нашиот шампион во СЦ Јане Јандански главно имаше контрола врз играта и резултатот и на крајот сосема заслужено ги прокнижи првите бодови. Екипата од БИХ која располага со млади и перспективни кошаркари успеа во еден период да направи 58:58, но, немаше сила за комплетен пресврт. Во нашиот тим најпрецизен беше  Омот кој постигна  33 поени  пред Стојановски со 16 и Крстевски со 13 кошеви.

Популарните „штркови“ на 8 октомври ги чека мечот од второто коло и тоа ќе гостуваат во Сараево кај екипата на Спарс.

 

Share.

Leave A Reply