МЗТ Скопје со победа го најави плеј-офот во АБА 2 лигата

0

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром славеа со 93:77 над Спарс од Сараево во меч од последното коло во регуларниот дел од сезоната во АБА2 лигата.

Босанскиот тим, кој е противник на „штрковите“ и во полуфиналето од плеј-офот, настапи некомплетен, а МЗТ Скопје А. тоа го искористи за победа.

Најдобар во победата беше Предраг Самарџиски со „дабл-дабл“ учинок од 26 поени и 14 скока. Иванов заврши со 19, додека кај гостите, Мањгафиќ постигна 16 поени.

Share.

Leave A Reply