МЗТ Скопје влезе во лоша серија

0

Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа и вториот пораз во АБА конкуренцијата. Популарните „штркови“ по стартната победа дома против Партизан и поразот на теренот на ФМП, сега во СЦ Јане Сандански загубија од екипата на Задар со 85 спрема 80.

Хрватите во главно изеднечен меч успеаа да одиграат подобро во финишот и да се израдуваат на првата сезонска победа. МЗТ не успеа да го наметне посакуваниот ритам и на крајот мораше да му честита на противникот.

Во нашиот табор најпрецизен беше Лалиќ со 23 кошеви пред Гарсија со 15 и Стојановски со 11 коша. Кај гостите од Задар се издвои Нолс со 25 поени.МЗТ Скопје во наредното коло на 16 октомври ќе гостува кај Игокеа.

 

Share.

Leave A Reply