Кошаркарите на МЗТ Скопје со денешната победа против Гостивар со 87:77 си обезбедија место во големото финале во домашниот плеј-оф.
Популарните „штркови“ на домашен терен во СЦ Јане Сандански одиграа одлична втора четвртина кога направија 24-14 и тука практично го решија мечот. Гостиварци немаа сила за пресврт. Самарџиски направи трипл-дабл ефект со 18 поени, 13 скока и 10 асистенции додека Иванов забележа 21 кош. Во поразениот тим најдобар беше Костоски со 17 поени и шест асистенции додека Димитриевски застана на 16 поени.
МЗТ Скопје откако со максимални 3-0 го скокна тимот на Гостивар, сега ќе го чека подобриот од второто полу-финале меѓу Работнички и Блокотехна. Таму резултатот во победи е нерешен 1-1.