На 15-ти септември ќе се одржи 6-от Велешки пливачки маратон

0

На 15 ти септември оваа година во организација на Здружението за спорт и рекреација КЛУБ 28 и Националната пливачка федерација, а со поддршка на општина Велес ќе се одржи шестиот по ред Велешки пливачки маратон, во водите на велешкото езеро Младост.

Пливањето е во три категори 2,5км, 5км и олимписка дисциплина 10 километри во машка и женска конкуренција. Учесници може да бидат сите пливачи организирани во клубови или надвор од нив.

Сите заинтересирани може да се пријават на „Facebook“ страната на Велешки пливачки маратон или во националната пливачка федерација. За најдобрите пливачи следуваат награди.

Share.

Leave A Reply