Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, кој поради повреда не игра подолг период и мораше да го пропушти завршниот турнир од Супер-купот на Шпанија, вели дека тренерот, Зинедин Зидан, е вистински лидер, мотивар и психолог.
Интернационалецот од Белгија во последното интервју отворено зборуваше за францускиот стратег кој е своевиден рекордер по бројот на остварени победи гледано само во финалните мечеви во различни конкуренции.
„Работев со италијански тренери како што се Конте и Сари, но, тогаш ми беше здодевно на тренинзите. Со Зидан секогаш се интересни тренинзите бидејќи постојано се игра со топка“ – вели Азар кој набрзо треба да се врати на терените.