На Хамилтон му се насмевнува нова титула

0

Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон, направи голем исчекор кон петтата титула откако победи на денешната трка возена за Големата награда на Јапонија.

Тој на патеката „Сузука“, максимално ги искористи инцидентните ситуации во кои беа инволвирани неговите ривали и успеа лесно да стигне до првото место. Втората позиција му припадна на неговиот тимски колега од Мерцедес, Валтери Ботас додека третото место го освои Макс Верстапен со болидот на Ред Бул. Во првите десет место обезбедија и Рикиардо, Раиконен, Фетел, Перез, Грожан, Окон и Саинц.

Кај возачите, Хамилтон е на првото место со 331 бод пред Фетел кој има 264. Наредната трка ќе биде возена на 21 октомври во Тексас за Големата награда на САД.

 

 

 

Share.

Leave A Reply