Македонската фудбалска репрезентација, вечерва (20.45 ч.) против Лихтенштајн ќе го одигра и третиот меч од групната фаза во Лигата на Нации. По двете стартни победи на Гибралтар и Ерменија, избраниците на Игор Ангеловски ја посакуваат и третата победа.
По проблемите со стомачниот вирус, информаците од нашиот табор велат дека работата се смирува, а Ангеловски на располагање ќе ги има сите сили. Вчера дури петмина фудбалери поради стомачен вирус го пропуштија тренингот пред дуелот. Станува збор за Аријан Адеми, Бобан Николов, Стефан Спировски, Кристијан Тошевски, Мите Цикарски и Стефан Ристовски, чија состојба се следеше 24 часа од нашиот лекарски тим.
На прес-конференцијата пред денешниот меч, нашиот капитен Пандев истакна:
„Се надевам дека ќе прославиме со победа. Никогаш сме немале подобра атмосфера и желни сме за победа. Со нетрпение го очекуваме овој меч. Се надевам дека публиката ќе дојде во поголем број од дуелот со Ерменија и дека преку овие квалификации ќе успееме да се избориме за едно Европско првенство, кое ќе донесе радост, не само за нас, туку и за целата држава“, изјави Пандев.