На Киево ќе му бодат одземени 3 бода

0

Италијанскиот прволигаш Киево е казнет со одземање на три бода во новата сезона поради водење „лажно сметководство“. Покрај бодовите, тимот од Верона ќе мора да плати и казна од 200.000 евра.

Претседателот на клубот, Лука Кампелдели е суспендиран три месеци, а Киево најави жалба на оваа одлука.

Оваа одлука значи дека Киево кој досега веќе освои 1 бод во новата сезона, од викендов почнува со -2 бода на табелата во Серија А лигата.

Share.

Leave A Reply