Првата „виолина“ во составот на Барселона, Лионел Меси нема да го обнови договорот со клубот до почетокот на сезоната 2020/21, јавува „Марка“.
Најавите велат дека пред истекот на договорот, кој е до крајот на сезоната 2020/21, Меси не планира да го напушти каталонскиот клуб. Сепак, тој не е подготвен да седне и да разговара за продолжување на договорот веднаш.
Аргентинскиот напаѓач сака да види каква ќе биде физичка форма и дали ќе биде во можност да настапува на највисоко ниво. Меси ќе ја донесе својата одлука, во зависност од то и на која позиција ќе биде клубот, затоа што сака да игра за тим кој ќе се бори за трофеи на сите турнири.