На „Олд Трафорд“ се отвора новата сезона во Премиер лигата

0

По кусата пауза ова лето, од вечерва се враќаат фудбалските возбудувања во едно од најсилните европски национални првенства, англиската Премиер лига. За разлика од минатите години, оваа сезона започнува откако трансфер периодот во Англија се затвори и главите на играчите нема да бидат матни со привлечни понуди, туку комплетно ќе му се посветат на првенството.

Големо прашање е дали шампионот Манчестер Сити, кој повторно е фаворит на букмејкерите, ќе успее да ја одбрани титулата – нешто што за последен се случи во Премиерлигата во 2009 година. Првите шест тимови, кои традиционално се наброени како главни претенденти, почнуваат од различни позиции. Според многумина, тимот на Ливерпул е во најдобра позиција да се пофали со најсериозен избор ова лето. Јирген Клоп засилувајќи го својот состав онаму каде што е најпотребно успеа да направи одличен тим, кандидат за највисок пласман.

Манчестер Јунајтед, кој минатата сезона заврши на второто место, исто така ќе ја брка титулата, иако тензијата која се чувствува во таборот на “црвените ѓаволи” пред стартот на сезоната не е добар знак. Каков ќе биде тимот на Мурињо, ќе дознаеме уште вечерва (21 ч.) на отворањето на сезоната против екипата на Лестер. Тотенхем останува еден од најголемите претенденти, иако ова лето не пазарија ниту едно ново име, додека во ТОП 6 кандидати за насловот се и Арсенал и Челзи, кои влегоа во период на длабоки промени.

Share.

Leave A Reply