На Шпанија и треба уште бод за полуфинале

0

Денеска продолжуваат мечевите од 3. коло во втората фаза од европското пренство во ракомет. На програмата се три средби во групата во Виена, каде ќе има интересна битка.

Иако остануваат непоразени, ракметарите на Шпанија сепак треба да освојат најмалку уште еден бод за да бидат сигурни во нивното место во полуфиналето. Шпанците работата можат да ја завршат и  вечерва доколку ги потврдат квалитетите и на дуелот против Белорусија.

Хрватска, веќе обезбеди полуфинале, па денеска против Чешка ќе оди на потврда на првото место. Во последниот меч се среќаваат Австрија и Германија, а домаќините ќе се обидат да направат ново изненадување.

Група 1 – 3. Коло

16.00 Хрватска – Чешка

18.15 Белорусија – Шпанија

20.30 Австрија – Германија

Share.

Leave A Reply