На Силверстоун ќе се возат две трки на стартот на август

0

Првите луѓе на Формула 1 шампионатот потврдија дека договориле два термина за одржување на две трки од годинешната сезона во Ф1 шампионатот на патеката Силверстоун. Доколку владата на Велика Британија дозволи ослободување од карантин за сите вработени, Силверстоун ќе биде домаќин на две трки од календарот кој годинава претрпи многу промени.

Во Формула 1, ги разгледаа сите опции и заклучија дека може да организираат две трки на Силверстон на 19 и 26 јули или на 26 јули и 2 август. Сепак, поради воведувањето задолжителен двонеделен карантин по пристигнување во Велика Британија, челниците решија да ги преместат трките во август, а унгарското Гран-при да се одржи порано.

Организаторите добиле уверување од британските власти дека карантините ќе бидат редуцирани, па оттука Ф1 ги резервира 2 и 9 август како термини за две трки на Силверстоун.

Share.

Leave A Reply