Набил Фекир интересен за Севиља и Валенсија

0

Францускиот играч од средниот ред на Олимпик Лион, Набил Фекир, може да го смени тимот во тековниот трансфер период, пренесува „L’Equipe“.

Според изворот, Валенсија и Севиља се заинтересирани за услугите на 25-годишниот играч од средниот ред. Вредноста на овој играч се проценува на 30 милиони евра. Претходно беше објавено дека Милан и Бетис се заинтересирани за Набил Фекир. Минатата сезона Фекир учествуваше на 29 натпревари од Француската лига 1. Тој постигна 9 гола и 7 асистенции. Во Лигата на Шампионите 25-годишниот играч од средниот ред постигна 3 гола и додаде 2 асистенции на 6 средби.

Да потсетиме дека во летниот трансфер период во 2018 година, Набил фекир беше близу до преселба во Ливерпул, но во последен момент договорот пропадна. Според одредени информации на медиумите, англискиот клуб повторно ја разгледува можноста за ангажирање на овој играч.

Share.

Leave A Reply