Начо: Ние фудбалерите ќе се бориме за тренерот Лопатеги

0

Фудбалерите на Реал Мадрид ќе се борат за тренерот Јулен Лопатеги, објави дефанзивецот на оваа екипа Начо Фернандес.

Екипата на Реал Мадрид се соочува со тежок период и е во една лоша серија на резултати кои сериозно го загрижуваат тренерот и веќе се зборува за неговото отпуштање. Начо Фернандес, сепак, е убеден дека ситуацијата може да биде добра.

„Ние, фудбалерите, ќе се бориме до смрт за тренерот. Ние сме смирени. Ние сме биле во полоши ситуации и секогаш успевавме да ги надминеме проблемите. Не можам да гарантирам дека на крајот од сезоната ќе бидеме најдобри, но Реал Мадрид секогаш покажа дека со тренерот и играчите што ги има, тој се бори за сè. Така ќе биде и оваа сезона”, изјави Начо, кој смета дека коментарите за кризата се малку претерани.

„Сеуште сме 2 поени од лидерот и продолжуваме да играме во сите натпреварувања. Во светот на фудбалот сите играат, кога е во прашање Реал, работите се претерани. Секогаш по кикс или пораз се зборува за криза и дека по серијата лоши резултати ќе дојде крајот на светот. Сега сме само во еден момент кога нешто не е добро за нас, додека противниците успеваат да ги искористат своите ситуации. Одморот во текот на овие две недели, сепак, ќе ни помогне да собере сили и да направиме нешто со што ќе го промениме тренд. Точно е дека во претходните сезони Кристијано постигна многу голови, но тоа е минато, а ние треба да погледнеме напред”, заврши дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандес.

Share.

Leave A Reply