Рафаел Надал иако доби специјална покана од организаторите да учествува на турнирот во Дубаи, одби да игра на турнирот во најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати.
„Им благодарам на луѓето од Дубаи за вајлд-картата што ми ја испративте. Сериозно размислував да дојдам со мојот тим, но сè уште не сум подготвен да играм. Уште еднаш благодарам на организаторите и со среќа на натпреварот“ , напиша Рафаел Надал на својот Твитер профил.
Рафаел Надал се пожали на болки во грбот за време на Австралија опен и се чини дека сè уште не го решил проблемот.