Надал го откажа учеството на турнирот во Базел.

0

Лидерот на АТП листата на најдобрите тенисери, Рафаел Надал, објави на „Фејсбук“ дека нема да настапи на турнирот во Базел кој го организира неговиот ривал Роџер Федерер.Тој го стави под знак прашалник и настапот на мастерсот во Париз.

„По двете сјајни недели во Кина, освоен пехар во Пекинг и пласманот во финалето во Шангај, треба малку да се одморам“, напиша Рафа. Надал до крајот на сезоната може да го загуби првото место на АТП-листата од Роџер Федерер.

Швајцарецот доколку го освои турнирот во Базел ќе има 1460 бодови помалку од Надал а потоа ќе дојдат мастерсот во Париз и завршниот во Лондон.

Share.

Leave A Reply