Надал има проблем со коленото, не оди во Абу Даби

0

Светскиот тениски рекет бр.1, Рафаел Надал, го откажа учеството на тенискиот турнир во Абу Дабу, кој треба да започне следната недела на 28 декември. Причина за повлекувањето на Шпанецот е проблем со коленото.

По неколкуте откажувања од дел од најдобрите тенисери кои требаше да се појават во Абу Даби, сега најголема ѕвезда на турнирот ќе биде Србинот Новак Ѓоковиќ.

Засега нема информации за каква повреда на коленото станува збор и дали тоа може да го сопре Надал да настапи и на првиот годинешен Грен Слем, Австралија Опен.

Share.

Leave A Reply