Надал има забележителен ефект во рангирањето

0

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, кој има освоено 16-ет титули од значајните Грен Слем турнири, очекувано останува на првата позиција на светската ранг-листа иако настапи само во „Дејвис купот”.

Надал веќе 700-тини недели е во Топ 10 со што стана четвртиот тенисер во историјата што направил такво достигнување. Пред него се Роџер Федерер со 830 недели, Џими Конорс со 817 и Андре Агаси со 747.

Надал последен пат не бил рангиран меѓу најдобрите десет тенисер на светов на 18 април во 2005 година. Од тој датум до денеска, Шпанскиот тенисер во континуитет е меѓу најдобрите десет иако во еден период се соочуваше и со сериозна повреда

 

Share.

Leave A Reply