Надал ја очекува судската разрешница во случајот со Базело

0

Рафаел Надал кој го има првото место на АТП листата на најдобрите светски тенисери, поднел тужба за клевета против поранешниот француски министер за спорт, Росел Базело.

Случајот се базира на изјавата на Базело дека краткиот прекин на кариерата на Надал во 2012 година не е резултат на повреда туку обид да се сокрие позитивен допинг- тест. Тенисерот го нарече тоа клевета и побара судска разрешница.

На првото рочиште не присуствуваа ниту Шпанецот ниту Базело а адвокатот на тенисерот објасни, дека изјавата на поранешниот министер предизвикала одредени спонзори да ја повлечат поддршката. Во тој правец, Надал побарал компензација од 100.000 евра.

Share.

Leave A Reply